Костадиновски: Намалување на функционерските плати за достојна откупна цена на пиперките

„Можеби сега е вистинско време да се предложи законско намалување на овие плати за истиот тој процент.
Со враќањето на функционерските плати на старото ниво, а во државата мислам дека ги имаме над 2.000, годишно во буџетот би требало да се генерираат над 20 милиони евра заштеда.

Тоа би ѝ дало повеќе од доволно простор на Владата директно да ја поддржи реколтата и да ги субвенционира земјоделците за да постигнат достојна цена од најмалку 30 денари за килограм пиперка“, напиша Костадинов.

Тој пред локалните избори го замрзна членството во СДСМ кога од партиската централа во Скопје не беше кандидиран за втор градоначалнички мандат. По локалните избори соопшти дека го одмрзна членството во СДСМ и нагласи дека останува на неговите претходни ставови и позиции по однос на бројни прашања од јавен интерес. „Во овој момент не најавувам никаква форма на активен ангажман, туку стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно“, напиша во јануари годинава Костадинов.

Додава дека единството бара подавање рака, држење до принципи и искрени разговори во имe на секој еден социјалдемократ.

Инаку, Костадинов го замрзна членството во СДСМ пред локалните избори кога од партиската централа во Скопје не беше кандидиран за втор градоначалнички мандат.