Бугарскиот пратеник Костадинов со иницијатива македонскиот јазик да стане бугарски дијалект

Костадинов редовно од парламентарната говорница застапува вакви ставови и тврди дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик и дека македонските говори се дел од бугарското јазично подрачје.

Во иницијативата, лидерот на Преродба, Костадин Костадинов потсетил дека пред два дена во Софија се одиграл одбојкарски натпревар помеѓу Бугарија и Македонија.

„Бевме сведоци на невидена ситуација – срамна, непријатна. Бугарските новинари ги интервјуираа сите играчи, вклучително и македонскиот национален тим, но нивните одговори беа дадени на англиски јазик. Тие самите рекоа дека биле обврзани од страна на македонсата делегација да одговорат на англиски јазик, што претставува политичко насилство“, рече Костадинов.

„Преродба“ е парламентарна партија, не е дел од власта и како опозиција остро се противи на евроатлантската политика на Софија, на воведувањето на еврото и на воената поддршка за Украина.