Министерот за надворешни и европски работи на Словачка, Јурај Бланар ќе престојува во посета на земјава, а негов домаќин ќе биде шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски.
Бланар ќе биде пречекан пред Министерството за надворешни работи и трговија од страна на Муцунски по што двајцата министри ќе имаат тет-а-тет средба.
Планирана е и пленарна средба на двете делегации по што заедничка прес-конференција ќе одржат двајцата министри.