Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, го избра Роберт Кенеди Јуниор за свој министер за здравство. Ако неговата номинација е ратификувана од Сенатот, тој ќе води огромна федерална агенција која ќе надгледува сè од безбедноста на храната до медицински истражувања.
Роберт Кенеди, внук на убиениот претседател Џон Ф. Кенеди, беше независен претседателски кандидат додека не се откажа од трката и даде поддршка за Трамп, пишува Би-би-си.
„Предолго, Американците се оштетени од индустрискиот прехранбен комплекс и компаниите за лекови кои се занимаваа со измами и дезинформации кога станува збор за јавното здравје,“ изјави Трамп и додаде дека Кенеди ќе ја направи Америка повторно здрава.
Кенеди е познат по неговите критики за вакцините тврдејќи во интервју минатата година дека аутизмот доаѓа од вакцините.