Поранешната членка на „Спајс грлс“, Мел Би (50), се омажи за фризерот Рори Мекфи (37) во Лондон овој викенд.
Мел Би носеше фустан од Џозефин Скот направен по мерка за нејзината свадба, а подоцна се пресоблече во фустан од Џастин Александар.
View this post on Instagram
Церемонијата беше проследена со прием со ѕвезди во хотелот „Шангри-Ла“. Меѓу гостите единствена од „Спајс Грлс“ беше Ема Бантон, но се појавија и други ѕвезди, меѓу кои Кара Делевин, Кетрин Рајан и Дејзи Лоу.
View this post on Instagram
Трите ќерки на Мел Би биле нејзини деверуши. Пејачката ја има ќерката Феникс (26), со нејзиниот прв сопруг, Џими Гулзар. Поранешната двојка беше во брак од 1998 до 2000 година.
View this post on Instagram
Другата ќерка на Мел Би, Ангел Ирис (18), е од нејзината врска со Еди Марфи. Нејзината најмлада ќерка, Медисон (13), е од бракот со Стивен Белафонте, со кого Мел Би беше во брак од 2007 до 2017 година.