Јокиќ има договор од 235 милиони евра, коњот му донесе 375 евра – еве како прослави (ВИДЕО)

Никола Јокиќ вчера имаше причина да слави, а изгледаше како да освоил шампионски прстен во НБА. Ова го напишаа медиумите од регионот за традиционалната трка со коњи Петровдан, каде што победи коњот на Јокиќ, Арагорн.

Иако е НБА ѕвезда и еден од најдобрите кошаркари во светот, Јокиќ, на свој карактеристичен начин, дојде на трката без гламур и помпезност. Камерите на телевизијата „Арена Спорт“ го снимија како се потпира на оградата пие пиво, а потоа ја слави победата на Арагорн.

Паричната награда изнесува 44.000 динари (околу 375 евра). Арагорн, со возачот Владимир Прибиќ, беше убедлив во трката од 2100 метри. Според впечатоците на присутните, Јокиќ беше понервозен на хиподромот отколку што обично се гледа за време на НБА натпреварите.

Често се вели дека коњите, а не кошарката, биле негова прва љубов. Сопственикот има неколку грла.

INFO