Од ДКСМ сметаат дека согласно Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судир на интереси, ДКСК нема надлежност да дава мислења или согласности по доставените барања од државните и локалните органи во текот на изборниот процес од денот на распишување на изборите.
Членови на комисијата за селекција на кандидати за претседател на ДКСК е во состав на: Илбер Руфати, заменик-народен правобранител, Дарко Аврамовски, претставник на здружение/фондација назначен за член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа демократија, владеење на правото и борба против корупцијата, Бардил Јашари – претставник на здружение/фондација назначен за член во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа медиуми и информатичко општество, Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Саранда Имери-Стафаи, пратеничка од Вреди, Митко Трајчулески, пратеник од СДСМ, Арбана Пашоли, пратеничка од Европскиот фронт.
На 25 јули Татјана Димитровска, досегашната претседателка на ДКСК, поднесе оставка откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против неа во рамки на предметот „Адитив“. Обвинета е за две кривични дела – оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.