Граѓани и студенти се собраа на протести во неколку градови низ Србија, кои синоќа резултираа со инциденти во Нови Сад, каде што симпатизери на владеачката Српска напредна странка (СНС), ги нападнаа собраните со камења, шишиња и пиротехнички средства, јавува N1. Судири меѓу граѓаните кои протестираат и полицијата имаше и во главниот град на Србија, Белград, каде во неколку наврати беше фрлен и солзавец.
Судирите меѓу граѓаните и поддржувачите на владеачката партија, избувнаа вчера, по повеќе од девет месеци постојани демонстрации против автократскиот претседател Александар Вучиќ.
„Поддржувачите на претседателот постојано фрлаа пиротехника врз демонстрантите во Нови Сад во близина на канцелариите на владејачката Српска напредна партија на Вучиќ, а демонстрантите потоа ги скршија прозорците на тие канцеларии, додека полицијата за да ги разбие демонстрациите беше распоредена пред нив за да ја чува зградата“, опишува агенцијата АП.
Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, рекол дека има повредени полицајци и повикал на враќање на законот и редот.
АП пишува дека илјадници луѓе се собрале во други делови од земјата, вклучително и во Белград, каде што полицијата употребила солзавец за да ги растера групите антивладини демонстранти.