Србија врие, протестите продолжуваат, претепан пратеникот Митровиќ

Протестите во Србија продолжија и синоќа, кога илјадници луѓе се собраа во повеќе градови низ земјата. Тие протестираа пред седиштата на Српската народна странка,СНС, кое ги обезбедуваше полицијата, а на неколку места беше пробиен кордонот. На моменти беше тензично, а полицијата употреби солзавец во неколку градови за да ги растера демонстрантите.

Просториите на Српската напредна партија беа демолирани во Нови Сад, а Пеѓа Митровиќ, пратеник на Партијата за слобода и правда, ССП е претепан со палки во Белград. Тој изјави дека без очигледна причина, неколумина маскирани лица нафрлиле врз него и дека, иако се претставил како пратеник, тие продолжиле брутално да го тепаат по главата и нозете.

Студентите што учествуваат во блокадите се огласија на социјалните мрежи по протестите низ Србија што се одржаа претходната ноќ и рекоа дека владата сакала да предизвика граѓанска војна со конфликтите.

„Режимот одамна го утврди виновникот – студентите и граѓаните се виновни. Државниот врв повеќе не се крие зад фрази за дијалог, претседателот најави чистење. Полицијата повторно ги заштити лојалистите на режимот кои фрлаа камења и пукаа со пиротехнички средства кон демонстрантите. Тие се појавија и пред народот со пиштол“, наведуваат тие во објава на Инстаграм и додаваат дека нема да им дозволат да продолжат да уништуваат човечки животи, пренесува Nova.rs.

Да ве потсетиме дека синоќа низ цела Србија се одржаа Протестите низ српските градови започнаа поради инцидентот и постапките на полицијата на митинзите во Врбас и Бачка Паланка. Како контра реакција, во повеќето градови, поддржувачите на владеачката СНС се собраа пред просториите на партијата пред граѓаните што протестираа. Тие ги напаѓаа граѓаните со камења и пиротехнички средства за време на протестот во Нови Сад, по што дојде до конфликт, а непознат маж извади пиштол пред просториите на СНС.

Полицијата уапси граѓани во близина на Правниот факултет, во Белград, а на улиците на главниот град беа забележани сцени на полициска бруталност врз граѓаните. Имаше и судир меѓу жандармеријата и собраните на протестот во Ниш.

INFO