Андоновски на средба со млади волонтери и практиканти

Во Министерството за дигитална трансформација ги пречекавме кандидатите за волонтери и практиканти, објави министерот Стефан Андоновски кој додаде дека ова е најубавата средба оваа 2025 година.

Со задоволство се запознав со овие суперквалитетни, талентирани и амбициозни млади луѓе, со кои ја споделив нашата мисија и визија за дигитална Македонија, потенцира во објавата Андоновски.

И додаде дека ова е првиот чекор од јавниот повик за студенти од информатика, телекомуникации, психологија и когнитивни науки.

-Следува селекција на најдобрите кои ќе ни се придружат како волонтери и практиканти, и ќе бидат дел од нашата мисија за дигитална трансформација, истакна Андоновски.

INFO