Академски пленум: Апсењата на студенти се обид за заплашување

Академскиот пленум остро ги осуди честите апсења на студенти во Србија во изминатите денови и побара итно запирање на, како што велат, обидите за заплашување и репресија врз студентите и граѓаните.

Во соопштението се наведува дека последното апсење на студент од Природно-математичкиот факултет во Нови Сад е уште еден доказ дека полицијата делува по наредба на власта користејќи репресивни мерки.

Пленумот го осуди и коментарот на еден полицаец кој при апсењето рекол дека студентот го „водат на стрелање“, оценувајќи го тоа како непрофесионално однесување и обид за застрашување на сите студенти.

Академски пленум го повика министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ да спроведе независна внатрешна истрага за постапувањето на полицијата изминативе денови. Воедно, од обвинителството и судот се бара ослободување на сите уапсени студенти.

INFO