До крајот на септември халата што сега ја градиме, нагласи Наков, ќе биде готова и во неа ќе може да се инсталира опремата. Ова значи нови 200 вработувања.
„Планираме во текот на следната година да изградиме уште еден производен објект со површина од 3.200 квадратни метри, што ќе отвори нови 300 работни места. Сметам дека 2026 година ќе ја завршиме со 3.700 работника“, најави Наков.
Премиерот Мицкоски истакна дека станува збор за инвестиција којашто е трудо-интензивна со близу 3.200 вработени, со план за нови 500 вработувања, во две фази.
„Кога ќе биде завршен објектот позади нас, практично, ќе имаме нови 200 вработени, догодина се планира нови 300 вработени, така што ќе се заокружи една бројка од 3.700 вработени“, рече Мицкоски.
Од тоа што разговаравме со директорот, додаде, во новите две хали, зборувам за оваа којашто сега ја гледате позади нас, којашто е во фаза на изработка и таа што догодина ќе започне, ќе имаме исклучително висока технологија, којашто одговара на најсовремените технолошки процеси.
„Како Влада поддржуваме директни инвестиции, домашни, странски инвестиции, не само преземајќи го институционалниот ризик, туку и финансиски. Преку програмата ќе ги поддржиме овие нови инвестиции на компанијата, ‘Амфенол’ тука во Кочани, како што кажа и директорот во иднина планираме и во одредени други градови да се прошири инвестицијата на Амфенол“, дополни Мицкоски и истакна дека за Владата компанијата „Амфенол“ претставува стратешки партнер.
Според она што го кажа премиерот, приходите на АТМ оваа година ќе се доближат до кај 200 милиони евра, што е огромна бројка.
„Ова придонесува не само за локалната економија, туку и генерално за државната економија. Како Влада со оваа посета и овој увид би сакале да испратиме порака дека сме партнери со бизнис заедницата, со инвеститорите, без разлика дали се тоа домашни и странски“, рече Мицкоски.
Посочи дека во рамките на Советот на странски инвеститори се разговара отворено за проблемите.
„Голем дел од проблемите се решаваат, меѓу нив се и усогласувањата на царинските ставки, кои што започнаа да се имплементираат од 50 отсто од 1 јули оваа година. Останатите 50-тина проценти ќе почнат од 1 јануари следната година. Генерално ако ја заокружиме перспективата овде и перспективата во Македонија, тогаш можам да кажам дека не се случајни оние индикатори коишто ги имавме во економијата во првиот квартал оваа година, во третиот и четвртиот квартал минатата година кога веќе имаме три последователни квартали со раст над 3 проценти, што претставува еден од водечките резултати според растот на бруто домашниот производ на државата во Европа. Ова е втор квартал што измина, за којшто треба наскоро да се објават податоците, очекуваме исто така голем раст“, нагласи Мицкоски.
Како Влада, додаде, продолжуваме да креираме добра бизнис клима, стабилност, за да имаме квалитетни работни места, што повеќе работни места и оние коишто ја напуштија Македонија да ги вратиме дома.
„Владата сака да биде пријател на бизнисот и така и ќе продолжи да се однесува“, порача Мицкоски.