Тој нагласи дека Бит Пазар одиграл и продолжува да игра значајна улога во економската благосостојба на семејствата од Чаир и пошироко. Исто така, Старата чаршија, заедно со Скопското Кале и Бит Пазар, треба да функционираат како комплетна туристичка понуда за домашните и странските посетители.
Меџити се обврза дека трговците ќе бидат заштитени од нелојална конкуренција и дека ќе имаат институционална поддршка за развој на нивната дејност.
„Роден и израснат во Чаир, чувствувам дека Бит Пазар е вредност и гордост за секој скопјанец. Затоа, мојата заложба е и институционално да помогнеме и да го развиеме овој историски, економски и културен капитал,“ нагласи Меџити.