Денеска од 16 часот на програмата се седум натпревари од 3.коло во ВМФЛ.Секако дека дербито на колото е она меѓу Скопје и Шкендија (А). Тоа ќе биде голема битка ако се знае дека се среќваат две квалитетни екипи. „Пиратите“ предводени од тренерот Александар Таневски ќе се обидат да и го нанесат првиот пораз на екипата од Арачиново која како повратник во ВМФЛ одлино стартуваше, со две победа од два меча. Од друга страна Скопје има една победа и еден пораз.
Се очекува исто така да биде интересно и на средбата Детонит – Слога (В), додека Преспа и Г.Коњари на свој терен ќе се обидат да дојдат до први бодови против Победа и Беласица.
Во продолжение можете да ги видите сите натпревари кои се играат денеска:
ДВОЈКИ ЗА 3.КОЛО – ДЕНЕСКА (16:00 Ч)