Голманот на Шкупи заработи суспензија од три натпревари

Шкупи во следните три меча нема да може да смета на својот голман, Максимилијан Гроте. На дуелот против Тиквеш, на кој тимот од Чаир беше поразен со 1-0, германскиот чувар на мреж заработи црвен картон. Причината за ова беше неговиот нелогично груб старт надвор од својот шеснаесетник над Садик.

Гроте високо ја дигната нога и со „крампони“ го удри во лице Садик кој падна како „покосен“, а по интервенцијата на судијата Ралевски, и ВАР технологијата, Гроте беше директно исклучен.

За ова доби суспензија од три меча.

INFO