Средни училишта од Македонија ќе градат партнерства со училишта од Западен Балкан

Нови 23 средни училишта од Македонија ќе градат партнерства со училишта во регионот преку регионалната програма за размена за размена на
средни училишта од Западен Балкан што ја имплементира RYCO – Регионална канцеларија за младинска соработка. Програмата промовира интеркултрно учење, дијалог и партнерства помеѓу средношколците од регионот, а младите ќе учат за мир, почит, пријателство и соработка, неопходни за светот да оди напред.

„Ова се всушност вредностите на кои треба да ги учиме младите како во рамки на семејните заедници, така и во рамки на образовните установи. Идејата на RYCO ги поддржува напорите за градење на генерации кои ќе сакаат да бидат обединети и со идентична цел – да го трансформираат регионот во подобро, посреќно и просперитетно место за живеење„, рече државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска. Таа истакна дека овие генерации еден ден
ќе бидат авангарда на промените што сите сакаме да ги видиме на обединет и
просперитетен Западен Балкан, регион кој ќе биде ослободен од предрасуди и место полно со толеранција, разбирање и слога.

INFO