Муцунски на вечера во Њујорк со државниот секретар на САД, Марко Рубио

„Ја реафирмиравме заедничката определба за мир, стабилност и просперитет. Како кредибилен НАТО-сојузник, партнер на САД и потписник на Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ, продолжуваме да придонесуваме активно за регионалната, европската и глобалната безбедност. Нашата посветеност на овие цели останува јасна и недвосмислена“, објави Муцунски на Фејсбук.

Шефот на македонската дипломатија во Њујорк ја придржува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 80. заседание на Генералното собрание на ОН.

INFO