„На состанокот со Ханрахан, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за eвропски прашања Орхан Муртезани го поздравивме нагорниот тренд во развојот на билатералните односи и разговаравме за областите каде што може да се направи дополнителен исчекор“, рече Сиљановска – Давкова.
Во фокусот на разговорот бил потенцијалот за продлабочување на македонското стратешкото партнерство со САД.
„Охрабрува поддршката од Вашингтон за повеќе стратешки прашања како што се отворањето на енергетски коридори од интерес за двете земји и засилувањето на комерцијалната дипломатија. Ја потврдивме исклучително успешната соработка којашто произлегува од членството во Северноатланската Алијанса“, додаде претседателката Сиљановска–Давкова.