Во болниците во Кочани, Штип, во Клиничкиот центар во Скопје како и во „8 Септември“ и во Градска болница, досега се хоспитализирани 118 лица, по трагедијата што ноќеска се случи во дискотеката во Кочани. Како што информира пред малку министерот за здравство Арбен Таравари, во изјава за медиумите кажа дека пациенти има на Клиниките за хирургија, на КАРИЛ, на клиниката за пластична хирургија како и на Детска хирургија.
„Нема пациент кој не е сместен и не е хоспитализиран, сите наши капацитети се ставени во функција за да сспасиме што повеќе животи. Не сакам да шпекулирам за број на критични пациенти“, изјави Таравари.
Тој информира дека засега има доволно резерви на крв, но кажа дека ако има потреба од крвни деривати, тој ќе информира.
„И од соседните држави добивме повици. Ми се јави министерот за здравтсво, кажа дека е подготвен за се` што треба и дека се тука дa ни помогнат. Засега сме комплетно организирани и нема потреба од странска помош“, додаде тој.