Кривична пријава за маж што одгледувал канабис

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против едно лице кое е осомничено дека одгледувало канабис.

Обвинителството информира дека во домот на 50-годишник во селото Страчинци, полицијата пронашла голем број растенија и исушени гранчиња канабис, како и 41,4 грама марихуана.

За осомничениот ОЈО до судијата од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување притвор.

INFO