Концерт „Валцери и полки од Јохан Штраус“ во Дебар

Пламенка Трајковска гудачки квартет ќе реализираат концерт со наслов „Валцери и полки од Штраус“. Концертот ќе се одржи на 30 септември во 20.30 часот во Дом на култура Дебар.

На концертот ќе бидат интерпретирани познати дела од класичниот репертоар и валцери и полки од Ј. Штраус со цел одбележување на 200 години од раѓањето на композиторот.

Пламенка Трајковска гудачки квартет е еден од најактивните камерни состави кај нас и тие изминатиот период имаа успешни концерти во Културно информативниот центар во Софија, настапија на интернационалниот фестивал во Созопол, Бугарија и настапија на Велешко лето. По повод втори август го промовраа нивниот најнов сингл „Балкан сонг 11“ на сите онлајн музички мрежи и го снимија и промовираа видео записот.

Досега тие имаат настапувано на сите најзначајни културни манифестации во Македонија, „Скопско лето“, „Бит фест“, „Штипско културно лето“, „Петровденски ракувања“, „Топол културен бран“, „Караманови средби“, „Кавадаречка културна есен“, „Велешко културно лето“, „Есенски музички свечености“ и имаат реализирано концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција,Танзанија и Турција.

Концертот се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам и Дом на култура Дебар.

INFO