Стаменкоска Трајкоска: Клучен проект за жителите на Кисела Вода, нова врска меѓу „Чешма“ и „Шампионче“

Во Општина Кисела Вода започна реализацијата на значаен инфраструктурен проект кој треба да го подобри сообраќајот и поврзаноста на овој дел од Скопје, соопшти кандидатката за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Проектот предвидува изградба на нова делница што ќе овозможи директна врска меѓу улицата кај „Чешма“ и просторот познат како „Шампионче“. Со ова, ќе се воспостави нова сообраќајна оска што ќе ги поврзе улицата „Антон Панов“ со булеварот „Борис Трајковски“, продолжувајќи до влезот во Драчево.

„Со овој зафат ќе се намали метежот, улиците ќе се растоварат, а граѓаните ќе добијат побрз и полесен пристап до клучните правци во градот,пишува Стаменкоска Трајкоска во својата објава.

Реализацијата се спроведува со поддршка од Министерството за транспорт и врски, предводено од министерот Александар Николоски, како и идниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Од Општината нагласуваат дека ваквите проекти се дел од пошироката визија за модерен и функционален град.

INFO