Димитриеска-Кочоска: Развојот на локалната економија е наш приоритет

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска денеска го посети пазарчето во Драчево заедно со кандидатката за градоначалничка на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска

-Ги слушнав размислувањата и предлозите на драчевчани за нашата работа и што очекуваат од новите градоначалници на Кисела Вода и на Скопје. Тоа што од прва рака го слушаме од граѓаните ни дава уште поголема надеж дека навистина можеме уште повеќе да направиме за нив. Развојот на локалната економија е наш приоритет, а просперитетот зависи од секој еден од нас, и на локално и на централно ниво, вели Димитриеска Кочоска.

INFO