Четврти ден од кампањата, митинзи во Студеничани, Аеродром, Карбинци, Виница…

Караванот на СДСМ и коалицијата ќе биде меѓу граѓаните на Студеничани (17:30), Зелениково (17:30), Кисела Вода (18:30) и Аеродром (20 часот).

ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Карбинци (17 часот), Чешиново Облешево (18 часот), Зрновци (19 часот) и Виница (20 часот).

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски во 12:00 часот ќе одржи прес-конференција во Хиподром.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче заедно со кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Мартин Костовски ќе биде меѓу граѓаните на Куманово. Во 12:30 часот, во центарот на Куманово.

Kандидатката за градоначалничка на Град Скопје на СДСМ и Коалицијата, Каја Шукова ќе одржи прес-конференција во седиштето на СДСМ.

Актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на Општина Тетово од Вреди Билал Касами во 13 часот ќе одржи прес-конференција во Тетово.

Работничка партија денеска во 13 часот во населеното место Трубарево ББ, наспроти безнинската пумпа Лукоил ќе ги промовира кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба Тоне Димковски и носителот на листата на советници Војо Петрески.

Изборната кампања, која почна во понеделникот, ќе трае до 17 октомври на полноќ по што следува 24-часовен молк пред гласањето на 19 октомври, додека вториот круг ќе се одржи на 2 ноември.

Локалните избори 2025 се осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа на 3.480 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10.490 кандидати.

На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16.

INFO