„Наместо да обезбеди здрави и сигурни услови за нашите најмлади, дозволи импровизации и незаконски градби што го загрозуваат нивното секојдневие“, рече Мемов.
Поради ова, како што кажа тој, ЗНАМ го прашува Герасимовски зошто децата во основното училиште „Коле Неделковски“ од 1 септември годинава учат во дограден и надграден објект, за кој не е извршен технички прием и за кој нема правосилно решение за измени во тек на градба, дали децата во ОУ „Коле Неделковски“ учат во дива доградбa, дали катноста на училиштето не одговара на урбанистичкиот план во тој дел од Центар, дали со цел да се заобиколи законот, извршена е промена на намената на простории од училници во т.н. технички простории, дали во тие „технички простории“ денес се изведува настава и дали договорите за градба склучени меѓу Општина Центар и изведувачот „Вардарградба ДОО Скопје“ во 2023 и 2024 година, во вредност од над 45 милиони денари или 735.000 евра, а според засегнатите и над 850.000 евра, содржат повреди на тендерската постапка?
„Додека секој граѓанин мора строго да ги почитува процедурите за градба, изгледа дека за Општина Центар тоа не важи – дури и кога станува збор за
објекти во кои учат нашите деца. Ова е врв на безобразие и лицемерие, наместо да обезбеди безбедни услови за учениците, Герасимовски дозволил доградби и надградби без технички прием и без правосилни решенија. Со кој морал Герасимовски и со кое право се фали со ‘успешни проекти’, кога во реалноста ги става децата во ризик и ја гази законитоста?! Ова ли е визијата за Центар, импровизирани училници, дивоградба и злоупотребени пари на граѓаните?! Наивноста и скромноста што сака да ја демонстрира Герасимовски се само маска. Зад таа маска се крие човек кој во 4 години мандат дозволи дивоградби, незаконитости, нетранспарентни тендери и непочитување на елементарни процедури. Затоа на 19 октомври ова ќе прекине! Граѓаните ЗНААТ, и Центар ЗНАЕ!“, рече Мемов на денешната прес конференција.