Митинзи и средби со граѓаните во Охрид, Битола, Гостивар…

ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Новаци од 17 часот, Могила од 18:30 и во Битола од 20:30 часот.

Караванот на СДСМ и Коалицијата ќе биде во Дебарца и Вевчани во 17:30 часот, Струга во 18:30, а митингот во Охрид ќе почне од 20 часот.

Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар на коалицијата на ДУИ Национална алијанса за интеграција, Валбон Лимани ќе ја претстави изборната програма во малата сала на Центарот за култура со почеток во 14:30 часот.

Во Гостивар на средби со граѓани ќе бидат и претседателот на Левица, Димитар Апасиев, кандидатот за градоначалник на општина Гостивар, Дарко Грујоски, носителот на листата, Никола Исаковски и останатите кандидати за советници. Потоа, во Тетово, средба со граѓани ќе одржат Апасиев, кандидатот за градоначалник на општина Тетово, Катка Божиноска и носителот на листата на Тетово, Боби Илиевски.

И независниот кандидат за градоначалник на општина Гостивар, Висар Адеми денеска ќе ја претстави изборната програма 2025-2029 во центарот „I-Can“ со почеток во 18 часот.

Денес во 11 часот пред Гет кафе во Кисела Вода сеедба со жителите ќе има независниот кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од ТМРО професорот Александар Рашковиќ.

Политичката партија Демократи ќе одржи прес-конференција пред Уставен суд во 12 часот.

Изборната кампања почна во понеделникот, а ќе трае до 17 октомври на полноќ. Потоа следува 24-часовен молк, пред гласањето на 19 октомври. Вториот круг ќе се одржи на 2 ноември.

Локалните избори 2025 се осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа на 3.480 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10.490 кандидати.

На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – шеснаесет.

The post Митинзи и средби со граѓаните во Охрид, Битола, Гостивар… appeared first on МКД.МК.

INFO