Шкендија со пораз на гостински терен кај Рајо Ваљекано ја отвори групната фаза во Конференциската лига. Актуелниот македонски првак беше совладан со 2-0 во првото коло.
Тренерот Јетон Беќири после мечот прво ја пофали атмосферата потенцирајќи дека Рајо целосно ја заслужил победата, а неговите момци во првото полувреме биле импресионирани од името на противникот.
„Ова беше извонредна атмосфера, создадена од навивачите кои беа прекрасни во текот на целиот натпревар. Рајо целосно ја заслужи победата. Мислам дека во првото полувреме имавме многу почит кон противникот кој ни се наметнува и лигата од која доаѓаат. Но, исто така, во однос на физичката подготвеност, во второто полувреме тимот трчаше повеќе и беше подобар и во одбраната и во нападот.“
Според стратегот на Шкендија Рајо е еден од најдобрите клубови во Конференциската лига.