Рускиот претседател Владимир Путин, за време на средбата со претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во Босна и Херцеговина, ја опиша ситуацијата во Република Српска и БиХ како тешка.
„Многу ми е мило што повторно се сретнавме, овој пат на маргините на Валдеј клубот во Сочи. Неодамна го прославивте Денот на српското единство, 15 септември. Сакав да ви честитам. Знам дека ситуацијата во вашата земја е исклучително предизвикувачка, дури може да се каже и комплицирана“, рече Путин, пренесува РИА Новости.
Тој додаде дека би бил заинтересиран да ја чуе оценката на Додик. Исто така, нагласи дека неговиот соговорник прави многу за градењето односи со Русија.
Додик рече дека е задоволен што има можност да разговара за добри, стабилни и стратешки важни билатерални односи. Тој се согласи со оценката на Путин за ситуацијата во Република Српска.
„Се согласувам со вас дека нашата ситуација е тешка“, истакна Додик.
Тој му се заблагодари на Путин за можноста да учествува на состанокот на Валдај клубот во Сочи.
„Ми претставува големо задоволство да видам напредок во Русија. Имав можност да присуствувам на парадата за Денот на победата на 9 мај. Беше импресивно“, рече Додик.