Во големата трагедија во Кочани, во која животот го загубија 59 млади, а повеќе од 150 беа повредени, целата држава е во тага. Во овие тешки моменти, младите од Тетово, без разлика на нивната етничка припадност, покажаа дека хуманоста е над сите разлики. Учениците, Македонци и Албанци заедно донираа средства, испраќајќи порака за солидарност и единство.
„Говориме различен јазик, но плачеме исто…“ – со овие зборови учениците денес го објавија и своето видео, кое ја пренесува пораката за заедништво и поддршка во време на голема болка.