На средбата присуствуваа вицепремиерот на македонската Влада Иван Стоилковиќ, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија. Од српска страна присуствуваа Драган Гламочиќ, министер за земјоделие, шумарство и водостопанство и Јагода Лазаревиќ, министерка за надворешна и внатрешна трговија.
Средбата се одржа во конструктивна и пријателска атмосфера, при што беа разменети мислења за прашања од заемен интерес, со посебен акцент . Во фокусот на разговорите беа и унапредувањето на добрососедските односи, зајакнувањето на политичкиот дијалог, како и координацијата во рамките на регионалните иницијативи и процесите на европска интеграција, каде што двете земји ја изразија подготвеноста за понатамошна соработка и поддршка.
Работниот дел од посетата продолжи со свечен ручек организиран во Клубот на пратеници, каде што разговорите помеѓу двете делегации продолжија во неформална, срдечна и продуктивна атмосфера. Домаќин на ручекот беше вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ.
Официјалната посета на премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, претставува важен чекор во насока на продлабочување на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји, засновани на меѓусебна почит, разбирање и заедничка заложба за стабилност, развој и просперитет на целиот регион, соопшти Министерството за односи меѓу заедниците.