Цветанка Велјанова од Битола на 97 години – највозрасна кандидатка на претстојните локални избори

Според јавно достапните податоци, највозрасна е Цветанка Велјанова која има 97 години и е кандидатка на политичката партија МААК. Веднаш зад Велјанова според возраста е кандидатот Кирил Добрушевски со 81 година, исто така кандидат на МААК. Во групата три највозрасни кандидати за членови на Советот на Општина Битола е и Трајан Котевски кој има 80 години и е на кандидатска листа поддржана од група избирачи.

На годинешните локални избори во Битола, од ДИК се потврдени16 кандидатски листи за членови на Советот на Општина Битола и од вкупно 496 евидентирани кандидати на различна возраст, само четири кандидати навршиле 18 години.

Во документацијата на ДИК и ОИК-Битола потврдени се кандидатурите на Александар Јовановски, кандидат на граѓанската иницијатива ГРИН, Енес Баталовски и Лејла Усеини кандидати на коалицијата Вреди и Марко Адам Котевски од група избирачи. Четворицата годинава како полнолетни за прв пат се кандидати за членови на Советот на Општина Битола.

INFO