Денеска партиски митинзи и средби со граѓаните во Теарце, Куманово, Велес, Кичево…

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи на кои ќе ги претстави поддржаните кандидати за градоначалници и советници во Теарце, Брвеница, Јегуновце, Ѓорче Петров и во Куманово.

СДСМ попладнево и вечер е во Градско, Чашка, Велес и во Свети Николе.

Кандидатите на Левица во Кичево и во Охрид ќе имаат средба со граѓани, а во Струга ќе се одржи промоција на кандидатката за градоначалник на Струга, Јована Мојсоска. Средби со граѓаните ќе имаат и Кандидатот за градоначалник за Скопје Амар Мециновиќ и кандидат за градоначалник за Аеродром Марјан Димитрив.

Граѓанската платформа Независни заедно ќе одржи прес-конференција по повод претставување на новиот зелен појас кај базенот кој е во рамки на спортско-рекреативниот центар Сарај.

Пред Зеленото пазарче во Општина Центар во 11 часот средба со граѓаните ќе има независниот кандидат за градоначалник на Скопје професорот Александар Рашковиќ заедно со неговата советничка листа.

И Работничката партија ќе одржи промоција на кандидати за градоначалник и советници за општина Гази Баба.

Политичката партија МААК ќе одржи средби со граѓани.

Кампањата за локалните избори завршува на 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври.

The post Денеска партиски митинзи и средби со граѓаните во Теарце, Куманово, Велес, Кичево… appeared first on МКД.МК.

INFO