Лицата кои го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе бидат погребани во четврток, информираше денеска директорот на Центарот за упрвување со кризи, Стојанче Ангелов.
Тој кажа дека на погребот ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, г.г Стефан како и неколку владици од Синодот. Точното време ќе биде соопштено дополнително.