Трамп го критикуваше Путин: Не е подготвен да ја заврши војната со Украина

Доналд Трамп повторно го критикуваше Владимир Путин велејќи дека рускиот лидер едноставно не е подготвен да ја заврши војната во Украина. Тој рече дека е многу разочаран бидејќи со Путин имале многу добри односи, но и дека тој мора да ја реши војната.

Во моментов во Русија има долги редици за бензин. Одеднаш неговата економија ќе пропадне,“ им изјави Трамп на новинарите пред Белата куќа.

Во меѓувреме, полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски во Лондон рече дека Русија би можела да удри длабоко во Европа и дека би било неодговорно да не се гради одбрана како што е ѕид од беспилотни летала на источниот дел од Европа. Тој рече дека се надева оти САД ќе и испорачуваат ракети Томахавк со долг дострел на Украина за напади врз Русија. Сикорски ја повика Европа да планира и да ја поддржува Украина уште три години.

„Украинците ја планираат оваа војна три години, што е разумно“, рече тој. „И ние треба да го убедиме Путин дека сме подготвени да останеме на курсот барем тие три години“.

Европската воена помош за Украина нагло се намали ова лето и покрај иницијативата во која европските земји купија американско оружје, соопшти Килскиот институт за светска економија. Европа испратила или издвоила вкупно 3,3 милијарди евра воена помош за Украина во јули и август, во просек 1,65 милијарди евра месечно. Тоа е пад од 57% во споредба со периодот од јануари до јуни оваа година, кога европските земји издвојуваа во просек 3,85 милијарди евра месечно. Воената помош од сите земји се намали за 43% во истиот период, дури и кога Канада објави голем пакет помош на крајот на август.

INFO