„Бомба“ од Грција: Рафа Бенитез на клупата на Панатинаикос

Поранешниот тренер на Ливерпул, Наполи, Интер, Реал Мадрид, Њукасл и Валенсија, Рафаел Бенитез, е блиску до преземање на грчкиот гигант Панатинаикос, објави локалното издание Sport24.gr.

65-годишниот шпански специјалист моментално е во Атина, каде што преговара со раководството Двете страни ги разгледуваат последните детали од евентуалниот договор.

На Бенитез му е понуден договор од две и пол години, со годишна плата од 5 милиони евра. Останува само да се разјаснат последните формалности и да се потпишат документите.

Бенитез последен пат беше во Селта, која ја води од јули 2023 до март 2024 година.

INFO