Дваесет пријави за нарушување на изборниот молк биле поднесени во текот на вчерашниот ден, до утрово, инфомрира Министерството за внатрешни работи. Од нив шест нарушувања се пријавени во Скопје, четири во Куманово, потоа три во Велес и по два настани на во Охрид, Штип и Битола и еден на подрачјето на Струмица. Од МВР соопштуваат дека, по преземените мерки не се потврдени пријавите за 15 од тие настани.
„Покрај ова, регистрирани се 47 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови“, информираат од Министерството.
Гласањето на болни и изнемоштени лица и затвореници во текот на вчерашниот ден помина генерално без нарушување на гласањето, а регистриран е само еден настан.