„Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и Пратеникот Даниел Стојчевски. Во топлиот и искрен разговор од претставниците на Коалициониот партнер Влен добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во остварување на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово“, напиша Димитриевски.
Тој се заблагодари на сите кои, како што посочува, ја препознаваат и поддржуваат визијата за иднината на Куманово и Македонија.
„Заедно ќе продолжиме да го градиме нашиот град и да работиме во интерес на наши кумановчани“, напиша Димитриевски.