Без триење или хемикалии: неколку едноставни трикови за чистење изгорена тава

Отстранувањето на тврдокорни дамки и остатоци од храна може да биде вистински предизвик. Сепак, не мора веднаш да се откажете од вашата омилена тава, бидејќи со неколку докажани состојки, можете да ја зачувате.

Една од најчесто користените состојки за оваа работа е сода бикарбона. Сè што треба да направите е да го посипете дното на тавата со сода бикарбона, да додадете малку вода и да ја оставите да отстои, а потоа да ја исчистите како и обично.

Содата бикарбона помага во отстранувањето на изгорените наслаги, а е добра и во борбата против непријатните мириси.

Оставете кесичка црн чај да отстои во тава со топла вода околу 15 минути. Танините во чајот помагаат да се омекнат изгорените наслаги. Потоа нежно истријте ја тавата со сунѓер или мека четка.

Овој природен трик е едноставен и ефикасен.

Посипете го дното на тавата со крупна сол и додадете малку билно масло. Истријте ја површината со крпа или сунѓер. Солта делува како природен абразив за отстранување на бигор, додека маслото помага во разградувањето на маснотиите. По чистењето, измијте ја тавата со топла вода и сапун.

Овие едноставни трикови ќе ви обезбедат тавата повторно да сјае без употреба на груби хемикалии или триење што одзема многу време.

фото: принтскрин

INFO