Денеска во Лондон делегација предводена од претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одржаа средба со со министерот за Европа на Република Франција, Бенжамин Хадад.
Во својата објава, Муцунски посочи дека на средбата било разговарано за билатералните односи, напредокот на патот кон Европската унија и континуираната поддршка од Франција за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата ја истакнавме цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и на членството во Унијата, како и потребата од забрзување на овој процес. Стана збор и за актуелните случувања во регионот и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер кој активно придонесува кон стабилноста и безбедноста во регионот, истакна Муцунски.