Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам

„Во овој процес, како и на тие што ги оставивме зад нас како парламентални и претседателски, имаме синдром на Газиместан, поразените излегуваат победници. Вреди и на претходните два циклуси, парламентарни и претседателски од поразени излегоа победници. Дали е победник тој што има 159 советници или 122. Но, тоа е реалноста се занимаваат со тоа дека демек победиле на избори. Не само на овие туку и на претходните“, рече Ахмети.

За другите политички партии тој смета дека воделе кампања со националистички карактер.

„Ние се залагаме и ќе се залагаме, со најголема искреност за европска Македонија, добри меѓуетнички односи, нула проблеми со соседите, така сметаме дека ѝ служиме на иднината, не на минатото. Имало секакви изјави, ние сме биле корумпирани, криминализирани. Јас стојам пред вас, предводник сум на студентското движење од 1981 година. Тогаш политиката од Белград диригирана со политиките на Никола Пашиќ, ме нарекувале националист, сепаратист, иредентист и модерната политика ме вика корумпиран и криминализиран, мене и мојата политичка партија“, истакна Ахмети.

На прашањето од новинарите дали ќе се повлече од политиката, Ахмети рече дека не ги изгубил изборите за да го направи тоа.

„Дали слушнавте кој победи? Зошто да се повлечам од политиката? Дали ги сакате резултатите? Одете во ДИК и ќе видите. Ако може да видите дали за 25 години има еден пораз на Али Ахмети тогаш ќе се повлечам. Еве ги резултатите. 25 години сме победувале, не само последниве три циклуси. Апсолутно не е пораз во Тетово и Струга. На 2 ноември играта почнува од нула. За Чаир и Сарај. Во битките има и порази“, рече Ахмети.

На прашање дали ќе има соработка со други политички партии во вториот круг и коментар за состојбите, Ахмети рече дека има такви можности.

„Мицкоски ги влече за уши своите партнери, а ние сме отворени со сите да комуницираме за доброто на граѓаните. Ние се ангажираме за унитарна држава и ова не го велиме инцидентно, но без селективна правда“, рече Ахмети.

INFO