Стотици илјади лица евакуирани во засолништа поради ветрови од 193 километри на час што ја погодија Куба

Стотици илјади луѓе се евакуирани во засолништа во Куба, поради ураганот „Мелиса“, јавува Associated Press (AP), а пренесува „Гардијан“.

Издадено е предупредување за ураган за провинциите Гранма, Сантијаго де Куба, Гвантанамо, Олгин и Лас Тунас. Ураганот „Мелиса“ имал најсилни постојани ветрови од 120 милји на час (193 километри на час) и се движел кон североисток со брзина од 10 милји на час (16 километри на час), според Националниот центар за урагани (NHC).

Центарот на ураганот бил на 32 километри источно од Чивирико и околу 97 километри западно-југозападно од Гвантанамо, Куба.

Според прогнозите, Мелиса ќе ја премине островската територија во текот на утрото и ќе се упати кон Бахамите подоцна во среда. Продолжените обилни врнежи може да предизвикаат поплави опасни по живот и бројни свлечишта, предупредија американските метеоролози.

INFO