Речиси 11 милиони денари беа распределени на 137 лица повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, преку иницијативата „Супорт Кочани“. Ова е втора распределба на средствата собрани од донации на граѓани, компании или хуманитарни настани. Секој од директно погодените во трагедијата во оваа распределба доби околу 71.000 денари.
Како што информираат од „Супорт Кочани“, парите се распределени транспарентно, на секое лице кое се пријавило и потпишало изјава дека има потреба од помош. Сумата е еднакво распределена заради обезбедување праведност во целата постапка.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ се случи на 16 март оваа година. Во него загинаа 63 лица, а над двесте беа повредени.