Вработени на Меѓународниот аеродром Скопје даруваа крв

Вработени во ТАВ Македонија во соработка со Црвен Крст и Институтот за трансфузиона медицина, денеска даруваа крв во просториите на аеродромот.

Целта на акцијата е да се зголеми свеста за значењето на крводарителството и да се поттикне хуманост, солидарност а со тоа и личен придонес кон спасување на животи.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт кажа дека акцијата е дел од вредностите врз кои се темели корпоративната култура на компанијата.

„ТАВ Македонија верува дека успехот не се мери само во статистики и бројки, туку и во влијанието што го создаваме врз заедницата. Дарувањето крв е едноставен, а бесценет чин, една донирана единица може да значи нова шанса за нечиј живот. Оваа акција има јасна порака дека хуманоста е дел од нашата деловна филозофија. Им благодарам на колегите доброволци од Меѓународниот Аеородром Скопје, кои се пријавија да даруваат крв”, изјави тој.

INFO