„Јон Вардар“ со награда во Њу Делхи

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ ја освои наградата „Сребрен Чин“ доделена од детското жири на 19. издание на CHINH India Kids Film Festival & Forum, што се одржа од 9 до 14 ноември во Њу Делхи, Индија.

Фестивалот CHINH е познат по тоа што наградените филмови влегуваат во нивната широка образовна мрежа од библиотeки, училишта и културни центри, што може да отвори нови можности за прикажување на филмот низ Индија и пошироко.

„Ова признание ни е особено драго затоа што доаѓа директно од публиката за која филмот е создаден. Индија има неверојатна традиција во детската култура и образование, и голема чест е да се најдеме меѓу наградените филмови,“ изјави режисерот Гоце Цветановски по добивањето на наградата.

INFO