Бенд од Босна и Херцеговина настапувал без дозвола во Кичево, членовите добија прекршочни пријави

Бенд од Босна и Херцеговина, што настапувал без дозвола во ресторан во Кичево викендов доби прекршочна пријава од Министерството за внатрешни работи. Во акција во угостителски објекти во Кичево во координација со Државниот пазарен и трудов инспекторат бендот е откриен во ресторан на магистралниот пат Кичево-Охрид.

„Затекнати се Џ.Р.(23), како пејачка и К.Џ.(27), Е.П.(25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), како членови на музички бенд, сите од Босна и Херцеговина, кои вршеле работа без претходно обезбедување на соодветна работна дозвола, со што сториле прекршок од Законот за странци“, информираат од МВР и додадваат дека им е поднесена прекршочна пријава до Основниот суд во Кичево.

INFO