
Речиси 200 учесници од повеќе држави, меѓу кои и Македонија, земаа учество на 16- тиот регионален стрип маратон „24 часовно цртање на стрип“, кој годинава беше со тема „План Б“. Манифестацијата траеше од сабота на пладне до недела на пладне, а учесниците цртаа онлајн во живо во определени пунктови во Подгорица, Госпиќ, Херцег Нови, Сомбор, Љубљана, Осиек, Риека, Сплит, Загреб, а од оваа година и во Base 42 во Скопје. И годинава беше овозможено и цртање од дома и објавување на онлајн платформата.
Томе Трајков, стрип-промотер од Велес, потсети дека македонските стрип автори своето учество го започнаа уште од 2023 година преку онлајн цртање од дома.
„Организацијата на настанот е спонтана. На светско ниво истата таа ја создава реномираниот стрип-теоретичар Скот Мек Клоуд, а во регионот авторот Дарко Мацан на Академијата во Загреб. Оваа акција низ годините брзо се проширува, а специфчно е што регионалната иницијатива е сосема независна од светската акција, која се организира во октомври“, вели Трајков.