(Видео) Изненадување на концертите на Цетински во Сава Центар: Публиката воодушевена од настапот на Ристе Ристески

Изминатиов викенд, Тони Цетински приреди три последователни концерти во легендарниот Сава Центар во Белград, а едно од најголемите изненадувања за илјадниците присутни беше појавувањето на специјалниот гостин – македонскиот пејач Ристе Ристески. Протоколот внимателно го криеше неговото учество до самиот почеток на првиот концерт, по што салата го пречека со силни овации и громогласен аплауз.

Ристески на големата сцена ја отпеа безвременската „Још увек сањам да смо заједно“, песна од постхумниот албум на Тоше Проески – најголемата македонска и балканска музичка ѕвезда. Со својот топол и препознатлив вокал, успеа да ја пренесе емоцијата и длабочината на оригиналот, што веднаш беше препознаено од публиката, која реагираше со долг аплауз.

View this post on Instagram

A post shared by Riste Risteski (@riste_risteski)

Големото изненадување стигна и кога Цетински повторно се врати на сцената, за заеднички со Ристески да ја изведат „Заблуда“ – нумера која во оригинал ја пеат Цетински и Жељко Јоксимовиќ. Дуетот беше еден од највпечатливите моменти на целиот вечерен спектакл, а реакцијата на присутните покажа дека ваква интерпретација досега не се слушнала во Сава Центар.

View this post on Instagram

A post shared by Riste Risteski (@riste_risteski)

Цетински не го криеше задоволството што како специјален гостин на сите три последователни концерти го има токму Ристе Ристески и откри дека целосно ужива во неговите настапи, па кажа: „Нема ваква емоција додека не запее македонскиот славеј“. Мал дел од спектаклот јавноста може да погледне и на официјалните Инстаграм профили на Ристе Ристески и Тони Цетински.

На социјалните мрежи многумина коментираа дека Ристески повторно покажал зошто своевремено беше препознаван како еден од најперспективните гласови на Балканот, a sо овие настапи, јасно најави дека се враќа таму каде што најсилно припаѓа – на големата сцена пред својата публика.

INFO