Mуцунски во Виена на Министерски состанок на ОБСЕ

Муцунски ќе има неколку обраќања на теми од поширок заемен интерес во светло на сложениот безбедносен контекст со кој се соочува регионот на ОБСЕ.

Во Виена шефот на македонската дипломатија ќе учествува и на состанокот на „Пријателите на Западен Балкан“, во организација на австриското Министерство за надворешни работи. На овој состанок ќе учествуваат високи претставници од земјите-членки на групата и државите од Западен Балкан, како и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас.

Предвидена е и средба со Здружението на индустријалци на Австрија, каде ќе бидат претставени новите можности за економска соработка. Министерот Муцунски ќе  оствари и серија билатерални средби и разговори, соопшти МНР.

INFO