Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина

Мајка балкански рис со малечко е снимена на една од камерите во националниот парк „Шар Планина“, со што бројот на рисови кои живеат тука се зголемува од еден на три.
исот е територијално животно, а секоја единка зазема голема територија, понекогаш и над 40 квадратни километри, што значи дека на Шар Планина може да се очекуваат многу мал број стабилни единки. Од управата на паркот велат дека и двата риса се во одлична здравствена состојба, а мајката го доби името Сибел.
„По успехот минатата година, кога првпат снимивме мажјак на локалитетот Лешница, денес со огромна радост објавуваме дека и мајка со младенче е регистрирана на територија на Општина Боговиње. Оваа снимка ја потврдува важноста од континуираниот мониторинг и вложувањето во заштита на биодиверзитетот.
Балканскиот рис е критично загрозен вид, а секој ваков момент ни враќа надеж и ни покажува дека нашите напори носат резултати“, велат од НП Шар Планина и посочуваат дека успехот е резултат на долгорочна, упорна и стручно спроведена работа на целиот тим.
Рисот се храни со срни, диви кози, зајци и еребици, ситни цицачи и други видови кои се дел од шумскиот екосистем, а токму зголемувањето на популациите на неговиот плен на Шара создава подобри услови за негов. Од управата на паркот велат дека на територијата на „Шар Планина“ ловот е целосно забранет, со што директно се придонесува кон заштита на рисот и неговиот плен.
View this post on Instagram

A post shared by META.MK (@meta_mk)

INFO