Мицкоски: Нова Платформа за следење на проектите финансирани од Владата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја промовираше новата Платформа за следење на проектите финансирани од Владата, оценувајќи ја како „значаен чекор напред во политичката култура“ и алатка што ќе овозможи јавен увид во трошењето на буџетските средства.

Tој истакна дека платформата обезбедува транспарентен пристап за граѓаните, медиумите, општините и граѓанскиот сектор до информациите за сите владини проекти во реално време.

„Оваа Платформа ја симболизира нашата заложба за интегритет, чесност и јавен надзор. Првпат секој ќе може прецизно да го следи текот на сите инвестиции што ги финансира Владата“, рече Мицкоски.

Владината портпаролка Марија Митева најави дека Платформата и понатаму ќе се надградува.

INFO